16 Јануари, 2025
0.0292

Општина Кисела Вода: Бараат логопеди, дефектолози и негуватели за градинките и училиштата

Објавено во: Македонија 16 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Девет невработени лица ќе бидат работно ангажирани од страна на општина Кисела Вода согласно објавениот јавен оглас за нивно вклучување во програмата за општинско корисна работа.

Проектот „Квалитетна и поефикасна грижа за учениците од предучилишно и училишно образование “ произлегува од Договорот за соработка помеѓу УНДП и Општина Кисела Вода, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2015 година и Програмата за вработување на Владата на РМ за активните програми и мерки за вработување за 2015 година, Општина Кисела Вода и Агенцијата за вработување на РМ.

Согласно истиот, на двајца дефектолози со завршено ВСС – дипломиран дефектолог, двајца логопеди - со завршено  ВСС- медицински факултет, група логопедија и на пет негуватели за деца на возраст до пет години, со завршено ССС – IV степен со лиценца за негувател, ќе им овозможи работен ангажман во  јавните детски градинки и основните училишта на територија на општина Кисела Вода, за период од шест месеци.

 Лицата кои ќе се пријават за учество во програмата “Општинско корисна работа“, треба да спаѓаат во категориите на невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 1 година. Избраните кандидати ќе бидат работно ангажирани со 20 работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од шест месеци, ќе добиваат паричен надомест во бруто износ од 6.200 денари месечно, (со вклучен персонален данок и осигурување во случај на повреда при работа).

Заинтересираните невработени лица пријавите можат да ги поднесат во oпштина Кисела Вода, од 15.05.2015 година до 22.05.2015 година. Детални информации можат да се добијат во општина Кисела Вода, во барака 8, канцеларија бр. 12, лице за контакт Елизабета Јаневска- проект координатор, како и на интернет страницата на општина Кисела Вода www.kiselavoda.gov.mk.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира