Организиран појадок за бездомниците од Скопје
Објавено во: Македонија 09 Септември, 2016
Се организираше појадок за бездомните лица од Скопје.
Во Пунктот за бездомници на Црвен крст на Град Скопје во Момин Поток, денеска се одржa хуманитарно-волонтерска активност од старите лица за бездомниците, по повод прогласувањето на скопјанката Агнеза Гонџа Бојаџиу во Светица Тереза.
Волонтерите во Црвен крст на Град Скопје кои се во трето доба организираа појадок за бездомните лица кои го посетуваат овој Пунктот за бездомници.
Денешната акција е поврзување на две програмски активности на Црвениот крст на Град Скопје. Станува збор за програмата за лица во трето доба, каде се поттикнува тие да негуваат активно стареење преку волонтерски активности и пунктот за бездомници кој функционира секој вторник и петок за бездомниците во Градот Скопје.