Добивај вести на Viber
Градинките и училиштата во Бутел и Центар кои претрпеа мали штети по земјотресите кои го погодија Скопје добија препорака и од Институтот за земјотресно инжинерство и сезмологија да го намалат приемниот капацитет за да не се доведуваат во ризик децата и учениците, пренесе
Мета.
Забрана за користење има во две училници во училиштето „11 Октомври“, како и неколку занимални и простории во градинката во оштина Бутел. Посочено им е и на родителите да не ги носат своите деца наредните денови, а градинката ќе ги прими само тие кои немаат друго решение, но со намален капацитет додека не се направат поправки на ѕидовите на кои има паднат малтер.