16 Јануари, 2025
0.0248

Основното јавно обвинителство Велес ја расветлува тешката железничка несреќа

Објавено во: Македонија 24 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Синоќа околу 22.30 часот на железничката пруга Велес – Скопје на околу 2 км по железничката станица Рајко Жинзифов поточно помеѓу оваа станица и стојалиштето Пчиња,  дојдено е до тешка железничка несреќа.

Имено, според зборовите на машиновозачот на патничкиот експресен воз бр.334 кој сообраќа на релација Гевгелија-Белград движејќи се во правец кон Скопје по изминувањето на железничката станица Рајко Жинзифов на околу 50-100 м пред возот, забележале поголема група, која броела повеќе десетици лица, како стои или оди по пругата. Во тој момент истиот презел дејствие на интензивно сопирање на возот и вклучил звучен сигнал при што дел од лицата кои се наоѓале на пругата избегале, додека пак  дел од нив останале и поради неможноста на толку кусо растојание возот да сопре, удрил во истите при што дел од нив се прегазени. На растојание од околу 100-150 м од ударот возот запрел и веќе е онеспособен за натамошно движење поради оштетувањата настанати од несреќата.

Од страна на Основниот јавен обвинител во Велес заедно со увидна екипа на СВР Велес и медицински лица од Амбулантата за Брза помош во Велес е излезено на лице место и е извршен увид, при што е констатирано дека на пругата се усмртени 14 лица. Повредени лица не се затекнати на местото на настанот. Од првичните сознанија добиени од групата од околу 10-ина лица кои од непристапниот околен шумски терен се приближиле до пругата при вршењето на увидот, добиени се сознанија дека се работи за мигранти од Сомалија и од Авганистан кои се движеле по пругата во група и во моментот кога го слушнале звучниот сигнал тие успеале да го избегнат ударот на возот скокајќи од пругата во околниот простор.

Основното јавно обвинителство Велес продолжува со истрагата за настанатата железничка несреќа.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира