Осум вина на „Тиквеш“ добија високи оценки од „Wine advocate“ и Роберт Паркер
Објавено во: Мои пари 06 Мај, 2014 18:13
„Ние во Тиквеш сме денес особено горди, затоа што овој успех потврдува дека нашите вина можат рамноправно, без каков било комплекс, да се мерат со вината од светската елита. Повторувањето на високите оценки, овојпат за дури осум вина, е доказ за конзистентноста на квалитетот во сите фази на производството и огромен поттик за извозните аспирации на ВВ „Тиквеш“. Дополнително, а не помалку важно, е што ваквите настани можат да се искористат во напорите за пробив во градењето на идентитетот на севкупната македонска винска индустрија во винскиот свет“, изјави претседателот на Управниот одбор на винарницата, Светозар Јаневски.
Успешната винска приказна на вината на ВВ Тиквеш се должи во голема мерка и на соработката со еден од најценетите вински светски консултанти Филип Камби. Неговите совети и стручна експертиза беа основа за создавање на нови вински вкусови, чиј успех е сѐ поголем. ВВ „Тиквеш“ ја продолжи соработката со Камби и во следните четири години, па во соработка со раководителот на енолошкиот тим на „Тиквеш“ Марко Стојаковиќ се најавуваат новитети и во следниот период.
“Овие оценки на The Wine Advocate на Роберт Паркер имаат трикратно значење за „Тиквеш“. Имено, континуитетот ја потврдува стратегијата на квалитет пред квантитет. Исто така, оценките се најдобра препорака за консументите во САД како највлијателен пазар и тој ефект се пресликува и на европскиот пазар, но и во Кина. И на крајот, го позиционираат „Тиквеш“ на светската мапа на висококвалитетни производители на вина како предводник на македонската винска индустрија“, изјави Игор Илиевски, генерален директор на „Тиквеш“.
При неодамнешната посета на ВВ „Тиквеш“ Камби даде исклучително висока оценка за квалитетот на бербата од 2013 година, навестувајќи дека овој квалитет во комбинација со интензивните вложувања во технологијата и експертизата ќе резултира со создавање вина со супериорен квалитет, што ќе даде основа за уште поголем пробив на светските пазари.
Роберт Паркер во светот е познат како најкредибилен вински критичар и т.н. адвокат на винските консументи во САД. Тој и неговиот тим ги оценуваат исклучително оние вина кои може да се позиционираат во висококвалитетниот „fine wine“ сегмент, а се доставени од страна на најзначајните увозници на вино во САД. Традиционално, најголемиот број од оценетите вина се од прочуените вински региони во Франција, Шпанија и Италија, додека оценките Роберт Паркер ги објавува преку списанието “Wine advocate” и web страната www.erobertparker.com. Првата оценка на Роберт Паркер за вина на ВВ „Тиквеш“ пред неполни три години резултираше со извоз и пласман на пазарот во САД преку еден од најпознатите увозници „European Cellars“ (www.europeancellars.com) на Ерик Соломон. САД е најголемиот и најкункурентен увозен пазар на вино во светот.
Можеби ќе ве интересира
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство




