Освежување: Денеска нестабилно со дожд
Објавено во: Македонија 19 Мај, 2015
Уште во 8 часот утринава температурата имаше вредност над 20°С во југоисточниот крај и околу 18°С во останатите места.
Пред нас е претежно сончево претпладне, но веќе од пладне ќе започне постепен развој на нестабилна облачност која попладне ќе донесе дожд и грмежи на повеќе места низ земјава. Локално овие врнежи ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со засилен ветер, информираат од МЕТЕОПРО.
Во северниот регион врнежите се очекува да продолжат и во вечерните часови.
Максималната температура ќе има вредности околу 30°С во повардарскиот регион, котлините во источниот крај околу 27°С, додека во југозападниот крај до 25°С.