Отворен Аква паркот во Скопје
Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2015
Денес се отвори Аква- паркот, најголемиот и најзабавен парк во градот. На големата After School Party ѕвонеше од насмевки, џагор, смеа, забава и одлична енергија. Директорот на С Ц „Борис Трајковски“, Златко Перински најави сезона за паметење.
,,Ова ќе биде сезона во која на Аква Паркот ќе уживаат и големите и малите. Одлични услови, најмодерни тобогани со разни ефекти, базен со бранови, мрзлива река, бумеранг, спејс бал, и многу изненадувања за сите посетители. Сите правци ова лето ќе водат кон паркот кој предизвикува воздишки и најдобро разладување во градот и пошироко. Аква паркот може да го прогласиме за отворен и драго ми е што денес имаме голема посетеност, навистина ѕвонеше за After School Party, затоа што дефинитивно забавата е овде.”- изјави Златко Перински, Директор на СЦ ,,Борис Трајковски .
Билет за Аква Парк ќе чини 300 денари, а ќе се нуди и фамилијарен пакет за четири лица за 1.000 денари. Влезница за деца под 13 години ќе чини 200 денари, а влезница за деца под 4 години е бесплатна. За групни посети над 30 лица се добива попуст од 30%. Аква-паркот ќе работи секој ден од 10 до 20 часот. За безбедноста на посетителите и годинава ќе се грижат 36 спасувачи од Црвен крст. Во рамки на аква-паркот ќе работат и три кафулиња и еден ресторан.
Аква Паркот во СЦ ,,Борис Трајковски”, е дефинитивно најпосакуваната летна дестинација за ова лето, за најмалите претставува игра, за големите релаксирање, а за тинејџерите место каде што ќе уживаат и забавуваат.