16 Декември, 2025
0.0511

Отворен нов центар за ран детски развој во Злеово

Објавено во: Мои пари 19 Јуни, 2014 12:22

Добивај вести на Viber

Благодарение на новиот центар за ран детски развој кој беше отворен во рамките на иницијативата „Првите 5 се најважни на свет“, децата на возраст од 3 до 6 години од радовишкото село Злеово сега имаат можност да посетуваат квалитетна предучилишна програма.

“Обезбедувањето на правилен психо-физички и социо-емотивен развој на децата треба да е приоритет на секое општество… Топлината и љубовта што им ја даваме од нивното раѓање па се до првиот училишен ден е најзначајна животна инвестиција,” рече г. Сашко Николов, градоначалник на Радовиш. “Поради тоа сме овде во с. Злеово во соработка со УНИЦЕФ и Фондацијата Т-Мобиле да поставиме цврста основа за нивен правилен развој во личности...”

Се до неодамна единствен начин на кој општините можеа да одговорат на потребите од предучилишни програми беа градинките. Со новиот Закон за заштита на децата, сега општините имаат законска основа да го зголемат опфатот и да го подобрат квалитетот на предучилишните програми преку основање центри за ран детски развој.

Иницијативата „Првите 5 се најважни на свет“ им нуди можност на општините да пристапат до средства за основање на центарот онаму каде што е најпотребно и за обука на персоналот кој ќе работи со децата.

„Центрите за ран детски развој се од најголема полза за оние места во кои нема можност или потреба за отворање градинка,” рече г-а. Ража Мсефер Берада, заменик претставник на УНИЦЕФ. “Многу родители, па дури и баби и дедовци се грижат за своите деца или внуци во домашни услови и не се во можност да платат месечен надоместок за престој во градинка.”

Со донесувањето на новиот закон, отворените центри за ран детски развој, вклучувајќи ги и центрите отворени преку оваа иницијатива, претставуваат поевтина можност за општините и за родителите. Иако некои центри ги покануваат родителите да дадат минимални донации за покривање на трошоците за потрошни материјали (боички, хартија, лепило, итн), родителите не плаќаат за нивното дете да ја посетува оваа програма.

“Инвестицијата која е потребна за да се обезбеди сите деца во Македонија да имаат еднакви можности за пристап до квалитетен ран детски развој не е голема,” рече г-а Леа Липша, претседател на Фондацијата Т-Мобиле за Македонија. „Се надеваме дека центрите кои се досега отворени ќе служат како модел за вклучување на останатите општини и приватни компании.”

Центарот во Злеово е четвртиот центар кој е отворен со средства донирани од Фондацијата Т-Мобиле за Македонија. Во план се отворање на центри во Долно Лисиче Аеродром и во руралните средини од општините кои тукушто и се придружија на иницијативата – Центар Жупа, Охрид и Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив