19 Декември, 2025
0.0361

„Oтворени денови“ на Училишниот проект на ЕВН Македонија

Објавено во: Мои пари 29 Април, 2014 18:22

Добивај вести на Viber

„Училишниот проект 2014“ продолжува со отворените денови кои што ЕВН Македонија ќе ги организира во повеќе училишта низ земјава. На 30 мај учениците, наставниците, родителите и представници на локалната самоуправа ќе бидат дел од отворените денови во ОУ „Ѓорче Петров“ во Ропотово општина Долнени и ОУ „Страшо Пинџур“ во Мало Коњари општина Прилеп. Општинските енергетски менаџери ќе ги презентираат енергетските проекти, а учениците ќе демонстрираат што научиле и што сработиле во текот на целата учебна година во рамки на енергетските секции. Отворените денови во рамките на Училишниот проект на ЕВН ќе продолжуват наредниот месец во основните училишта во Кичево, Струга и Ресен. ЕВН преку „Училишниот проект“ веќе седум години им го збогатува знаењето за електричната енергија и мерките за нејзино безбедно користење на учениците од десет до дванаесет годишна возраст. Едукативниот процес досега го минале над 35 000 ученици. Во последните три години основани се секции т.е зелени енергетски клубови во 41 училиште. Во секциите децата посетуваат континуирана настава за разумно и безбедно користење на електричната енергија. Училишниот проект ЕВН го спроведува во соработка со здружението „Конект“ како фасилитатор на активностите на терен на локалните организации: „МАЦЕФ“ од Скопје, „Младински Совет“ Охрид, „Планетум“ од Струмица и „Жетва на знаење“ од Прилеп.

Можеби ќе ве интересира

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство