Ова е една од најголемите компании, а за неа сигурно не сте знаеле
Објавено во: Мои пари 15 Јуни, 2016 16:01
Кина е дом на многу големи технолошки компании, кои се препознаени не само во својата земја туку веќе почнале да се шират и на останатите пазари ширум светот. Комапнии како „Huawei“ или „Alibabа“ се познати ширум светот, а се повеќе азиски компании сакаат да ја пробаат својата среќа на глобалниот пазар.
Шест годишната компанија „Cheetah Mobile“ за која веројатно никогаш не сте слушнале лани заработила преку 568 милиони долари, а сега планира да го освои и западот. Лани станале партнери со познатиот „Yahooa“ а сега сакаат да пласираат нови апликации надвор од Кина.
За да постигнат успех на глобалниот пазар мора да го прилагодат својот бизнис на западните стандарди и потреби, кои се разликуваат од кинескиот пазар.
Alex Yao, директор на компанијата, вели како примарна цел им е да го освојат индискиот пазар, чекор на кои се одлучиле и многу други кинески комапнии, како произведувачите на мобилни телефони „Xiaomi“
Yao вели дека индискиот пазар ќе биде одлучувачки фактор за технолошките компании бидејќи предвидувањата покажуваат дека до крајот на оваа година во Индија ќе има повеќе корисници на Интернет отколку што САД има жители.
Cheetah Mobile планира да се сконцентрира на апликации и се пораширена виртуелна реалност како би го освоиле глобалниот пазар. Но, ги чека долг пат бидејќи се повеќе компании го бараат своето место под сонцето, а технолошките гиганти веќе ја препознале важноста на содржината за виртуелната реалност и активно работат на нови и интересни апликации.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




