Ова е иднината на шведска ИКЕА
Објавено во: Мои пари 26 Септември, 2014 15:35
Познатиот шведски ланец на трговија со мебел ИКЕА, однеодамна присутен и во Хрватска одлучи да го промени и освежи пристапот на дизајнот.
„Мислам дека мораме, што и го правиме, да размислиме за тоа што ќе биде скандинавско во инднина“, кажал главниот Икеа дизајнер Маркус Енгман.
Приходите на Икеа силно растеа поради тоа што ги одржуваат трошоците ниски уверувајќи ги купувачите сами да можат од делови да ги состават производите.
Сега сакаат до 2020 да ги зголемат тие приходи, на 50 милијарда евра, да го зголемат бројот на трговија со постоечкиот на 362 така што ќе се шири бизнисот на подрачјата како Индија, како и поттикнување на он лајн приходи.
За да го спроведат сето тоа успешно, мораат да го земат предвид фактот дека клиентите се граѓани на светот со софистицирани вкусови и дека денес послжуваат далку поширок круг луѓе отколку во 1943, кога само што почнуваа.
Во изминатата година дена трговијата на Икеа ја посетиле 775 милиони луѓе во околу 50 земји, а нивната интернет страна 1,2 милијарда лица.
Во настојување повторно да создаде нов скандинавски имиџ -Икеа на големо е позната по минималистичкиот дизајн - шведската компанија исто така е свесно дека и самата Шведска се променила.
Од времето кога нејзиниот основач Ингвар Кампард уште како дете продавал шипки и семе за цвеќе во своето соседство, отборената политика која Шведска ја водела по прашањето на населување резултирала со доаѓање на десетина илјади доселеници од Африка, Блискиот исток и источна Европа. Со тоа новиот дизајнерски пристап мора да ја има предвид и мултикултуралноста на Шведска.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




