Падна првиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на Државна видеолотарија
Објавено во: Мои пари 16 Јуни, 2016 13:49
Средата велат е среќен ден. Доказ кој оди во прилог на оваа убава теорија е првиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на Државна видеолотарија на РМ. Добивката вредна 1.344.472,00 денари е освоена во клубот Сенатор во Скопје, а среќниот играч ја освои во средата на 15.06.16.
Македонскиот шампион во автомобилизам, Игор Стефановски Иџе, заедно со екипата на Државна видеолотарија на РМ му го додели чекот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, во вредност од 1.344.472,00 денари на среќниот играч Ивица А. од Скопје.
Тој возбудено ни раскажа дека во потрага по забавата, со влог од 30 денари стаса до оваа одлична добивка. Неговото семејство со задоволство веќе го изготви планот како ќе бидат потрошени среќните пари.
„Забавата продолжува со нов предизвик за добивки“- ни изјави првиот човек на Државна Видеолотарија на РМ, Дане Кузмановски.
Тој додава дека од почетокот на активирањето на добивките ЏЕК ПОТ, кај деловните соработници на Државна Видеолотарија на РМ, на први јуни годинава, досега се освоени 199 МИНИ ЏЕК добивки, плус најочекувана добивка МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, која е освоена вчера, а е вредна 1.344.472,00 денари. Ова е фантастична прилика за забава и можности за добивки, за сите кои сакаат игри на видеолотариските терминали.
Само за потсетување, добивките ЏЕК ПОТ се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.500.000,00 денари.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив








