ПАДНАА ИНДЕКСИТЕ НА ВОЛСТРИТ: Инвеститорите стравуваат од зголемување на каматните стапки

Објавено во: Економија 01 Јуни, 2023
Индексите на Волстрит паднаа вчера бидејќи договорот за ограничување на долгот на американската влада се очекува да помине на клучното гласање во Конгресот, а инвеститорите стравуваат од ново зголемување на каматните стапки од страна на ФЕД. Индексот Dow Jones изгуби 134,5 поени или 0,41 отсто вчера, на 32.908 поени, продолжувајќи да се намалува на почетокот на новиот месец, откако забележа загуба од 3,48 отсто во мај.
Индексот S&P 500 падна вчера за 0,61 отсто, на 4.179 поени, а индексот Nasdaq за 0,63 отсто, на 12.935 поени.
Во мај, сепак, S&P забележа благ пораст од 0,26 отсто, а Nasdaq скокна за 5,8 отсто, објавувајќи го својот најдобар месечен учинок од мај 2020 година.
Технолошкиот сектор имаше добри резултати минатиот месец, со просечен скок на цените од 9,29 отсто, благодарение на порастот на цените на акциите на производителите на чипови. Најголеми добитници беа Nvidia, со скок на цената од 36 отсто во мај, како и Broadcom, за речиси 29 отсто.
Претставничкиот дом на Конгресот на САД вечерва треба да гласа за измените на Законот за финансиска одговорност, со кој се предвидува „отстранување“ на лимитот на долгот на американската влада од 31,4 трилиони долари, што е клучен чекор за да се избегне банкрот на САД следната недела.
Потоа, предлогот за измена на тој закон ќе биде проследен до Сенатот, каде дискусијата ќе биде продолжена за викендот, пред 5 јуни, кога владата постепено би можела да остане без доволна ликвидност.Но, повеќето аналитичари предвидуваат дека законот ќе биде одобрен во Конгресот, а американскиот претседател Џо Бајден во средата рече дека очекува законот да биде потпишан до понеделник.
Можеби ќе ве интересира
Албанските работници земаат ниски плати, но работат по 43,7 часа неделно

Претседателот на Клубот на извозници учествуваше на Самитот за глобална трговија во Дубаи

АКО ХРВАТИТЕ НИ ГИ ВРАТАТ ПИПЕРКИТЕ СО ПЕСТИЦИД - нашата Агенција за храна ќе ги уништува на безбеден начин

ПОТРОШУВАЧИТЕ ДА ПРИЈАВАТ ДО ПАЗАРНА ИНСПЕКЦИЈА АКО ОТКРИЈАТ НЕНАМАЛЕНИ ЦЕНИ - Бектеши задоволен како тече мерката
ДОБРИ ВЕСТИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ: Ќе се покачи минималната плата за десет отсто, еве ги деталите

„ЧЕБРЕН“ НЕМА ДА ДОНЕСЕ СВЕЖИ ПАРИ ЗА ДРЖАВАТА: Македонија да има предност за користење на електричната енергија

КАМАТИТЕ ИМ СЕ ПРЕВИСОКИ, СТАНОВИ ЌЕ НЕМА - германска компанија го запира производството на 60 илјади станбени единици

ЈАПОНСКИОТ ГИГАНТ ТОШИБА ЈА НАПУШТА БЕРЗАТА ПО 74 ГОДИНИ: Завршено преземањето накомпанијата

ГЕРМАНСКИОТ ЛИДЛ СТАРТУВА СО ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - исфрла дел од производите од својата понуда
