Откажана е премиерата на филмот „Ослободувањето на Скопје“ за вечерва, затоа што во попладневниот земјотрес се оштетил и паднал дел од плафонот во Киното Милениум.
Оваа информација ја соопштуваат од продукцијата на филмот. Проекцијата беше закажана за 20 часот вечерва, а гостин требаше да биде Раде Шербеџија. Филмот вчера за прв пат се прикажа во Битола во рамки на филмскиот фестивал „Манаки“.
Премиерата ќе биде дополнително закажана.