Паднале во провалија на Водно, пожарникарите ги спасиле
Објавено во: Македонија 26 Август, 2015
Вчеравечерта пожарникарите на Град Скопје имаа успешна интервенција во која спасија маж и жена кои паднале во провалија на падините на планината Водно, во близина на локалитетот Марково Крувче, кај новотрасираниот пат.
Шест пожарникари на чело со командантот на првата чета, Сретко Цимевски интервенирале на непристапен терен на длабочина од 50 до 100 метри и со техничка опрема соодветна за интервенции при вакви несреќни случаи се завршило во најдобар ред.
БППЗ примиле дојава околу 19 и 20 часот, а интервенцијата е завршена во 22 и 15 ч.