ПАТНИЦИТЕ ГИ СИМНУВАЛЕ ПРЕД ГРАНИЦА И ПОВТОРНО ГИ КАЧУВАЛЕ ОТКАКО ЌЕ ЈА ПОМИНАТ ПЕШ, МВР во потера по нелегални превозници
Објавено во: Македонија 20 Август, 2022 17:53
Министерство за внатрешни работи соопшти дека се утврдени неколку случаи на нелегален превоз на патници и истите се стопирани. Како што истакнуваат во соопштението, патниците од комбињата честопати биле симнувани пред граница, а потоа откако ќе ја поминат пеш, повторно се качувале во комбето, за да го продолжат својот пат кон договорената дестинација
- На 19/20.08 2022 година во рамки на претходно организирана оперативна акција во близина на ПС за ГП “Табановце“ од страна на полициски службеници од Оддел за гранични работи и миграции во соодејство со полициски службеници од РЦ за ГР Север, сопрени се три патнички моторно возила – комби кои вршеле јавен меѓунареден превоз на патници без лиценци и друга соодветна документација. Притоа констатирано е дека првото ПМВ-комби марка „Форд Транзит“ со струмички регистарски таблички управувано и сопственост на лицето В.П. од Струмица, откако остварило влез во РСМ преку ГП Табановце празно и без патници, во близина на граничниот премин застанало и им дозволило на шест лица патници да се качат во комбето, а по претходен договор лицата пеш да ја минат државната граница и потоа да се качат во комбето за да се превезат до Струмица - се наведува во соопштението на МВР.
Од таму додаваат дека во второто возило-комби марка “Мерцедес“ исто така со струмички регистарски таблички, сопственост на Ј.С. од Струмица, управувано од П.Р. од Струмица, сопрено околу 300 метри пред излез од земјава, пред граничниот премин Табановце, било констатирано дека возилото не поседува лиценца за јавен меѓународен превоз, а превезувало осум патници за Германија.
- Покрај ова, на влез во Македонија е сопрено уште едно комбе марка „Мерцедес“ со струмички регистарски таблички сопстевеност на Р.Р. од Струмица, а управувано од К.Ѓ. од Струмица, во кое имало пет патници кои патувале од Германија. При проверката било утврдено дека возачот не поседува соодветна документација за извршување на јавен меѓународен превоз, а исто така земени се писмени изјави од патниците кои изјавиле дека патуваат од Германија и на возачот му платиле 120 евра по лице за превоз, а државната граница помеѓу РСМ и Р. Србија ја поминувале пеш. По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци - објаснуваат од МВР.
Можеби ќе ве интересира
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје




