Патниот правец Кичево-Охрид ќе биде затворен поради минирање
Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2015
Поради минирање на патот А2 Кичево–Охрид помеѓу планински превој Пресека и с.Врбјани денеска во период од 12.00 - 14.00 часот (прв термин) и 15.00-17.00 часот (втор термин) ќе има прекини во сообраќајот во траење од 15 до 20 минути.
Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.
Внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација, препорачуваат надлежните. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница - Берово каде е можна почеста појава на одрони, известуваат од Амсм.