ПЕНДАРОВСКИ: Претседателот никогаш не дава пари за Охридскиот пливачки маратон, барам истрага за работењето на федерацијата
Објавено во: Македонија 19 Август, 2022 14:34
Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска побара истрага за работењето на Пливачката федерација на Македонија, односно како дошло до блокирање на сметката по што следуваше откажувањето на Охридскиот пливачки маратон за оваа година. Во меѓувреме медиумите објавија дека три години по ред не е исплатен наградниот фонд за маратонците-ичесници.
– Од новото раководствио на Пливачката федерација на Македонија пред некој ден бев информиран дека тие веќе после една спроведена ревизија на работењето на претходното раководство и организатори на маратонот имаат поднесено извештаи или кривични пријави до Антикорупциска и Основното јавно обвинителство. Очекувам, бидејќи станува збор за многу сериозни наводи од тоа што ми беше презентирано од новиот претседател на Федерацијата, дека тоа ќе биде земено веднаш во работа и нема да чекаме години и години да разбереме дали има таму навистина криминал, на што упатуваат ревизорските наоди и изјавите на новото раководство или нема ништо. Тој е така нарачен евентуално криминален дел на организацијата, изјави Пендаровски.
Пендаровски вели дека обвинувањата за откажувањето на настанот што доаѓаат на негова адреса се поради неразбирање на опозицијата и вели дека Претседателот на Македонија како институција не издвојува пари од својот буџет за финансирање на манифестации.
– Јас знам дека има луѓе во опозицијата кои некои работи не ги разбираат. Не е возможно да до толку не разбираат и не прават разлика меѓу покровител, организатор и спонзор. Ја сум и денес покровител на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, но немам никаов контакт со финансиската конструкција на семинарот. Имам уште неколку покровителста и тие ги преземав од моите претходници. Ние можеме неформално да помагаме барајќи од приватни фирми спонзорства, но од Кабинетот на Претседателот не било никогаш одделувано пари и средства за организација на било која манифестација на која претседателот е покровител, појасни Пендаровски.
Службите во неговиот кабинет, додаде, вчера проверувале десет години наназади ниту еден денар не бил исплатен од буџетот на Претседателот на државата за која било манифестација.
Можеби ќе ве интересира
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје




