17 Декември, 2025
0.1618

Пензиските друштва засадија нови желби за поубава иднина: Отворен е шестиот „пензиски парк“

Објавено во: Македонија 09 Јуни, 2022 09:31

Добивај вести на Viber

Денес средното училиште „Здравко Цветковски“ во Скопје стана домаќин на шестиот „Пензиски парк“. Благодарение на еколошката акција на пензиските друштва во рамки на кампањата „Засади желба, за поубава иднина“, дворот на училиштето сега е побогат за 15 средно созреани листопадни садници кои ќе ги потсетуваат учениците на активниот удел кој тие го имаат во градењето на поубава иднина за себе, но и во создавањето на поздрава околина за целата заедница.

„Примарна цел на еден родител е да го подучува и насочува своето дете кон одговорно живеење и континуирано вложување во својата иднина. Упатувам голема благодарност до пензиските друштва поради тоа што се однесуваат родителски кон сите нас. Оваа кампања „Засади желба, за поубава иднина“ беспрекорно ја отсликува и нивната грижа за младите генерации. Сите знаеме дека едукацијата на младите е многу важен фактор за нивна поубава иднина, токму затоа како училиште топло ја прифативме поканата да учествуваме во оваа кампања. Ние со години наназад се грижиме за средината во која нашите ученици се едуцираат и многу вложуваме во уредување и раззеленување на училишниот двор. Верувам дека учениците ќе ја прифатат пораката на оваа кампања, ќе се однесуваат одговорно кон својата иднина и ќе се грижат за животната средина.“ – изјави Слободанка Киселовска, помошник директорка во училиштето „Здравко Цветковски“ во своето денешно обраќање.

Сузана Бошковска Златаревска од КБ Прво пензиско друштво а.д. Скопје, како претставник на пензиските друштва, во оваа прилика ја сподели целта на вложените напори за спроведување и проширување на општествено одговорната кампања.

„Најпрво, дозволете ми да се заблагодарам на помошник директорката на училиштето и на сите вас кои сте овде денес и ќе ни помогнете заедно да го засадиме шестиот по ред Пензиски парк, како дел од едукативната кампања „Засади желба, за поубава иднина“. Ние, како пензиски друштва веруваме дека иднината е резултат на чекорите кои ги преземаме денес, дека со секоја денешна инвестиција сме чекор напред кон обезбедување на поквалитетни денови во иднина. Исто како што пензиското осигурување ни обезбедува подобри услови во пензионерските денови, така секое ново засадено дрвце е една вредна инвестиција која ни дава поголема сигурност за здрава средина кон која целиме, а воедно ќе нуди сенка и засолништво за идните наши внуци и правнуци.

Здравата животна средина е една важна тема која претставува заеднички интерес на сите нас, нешто што сите нè засега и за што сите треба да се грижиме. Ни претставува особена гордост и задоволство што заедно ја реализираме оваа активност, а истовремено и даваме придонес за едукација и подигнување на еколошката свест кај младите. Посакуваме оваа акција да прерасне во традиција и заедно ние, вие и следните генерации да ги уживаме бенефитите од истата.“ – нагласи Бошковска Златаревска.

Досега, преку кампањата за информирање и едуцирање на младите за придобивките од членувањето во задолжителниот и доброволниот пензиски фонд организирана од страна на Сава пензиско друштво а.д. Скопје, КБ Прво пензиско друштво а.д. Скопје и Триглав пензиско друштво а.д. Скопје, „Пензиски паркови“ никнаа во средните училишта „Св.Кирил и Методиј“ во Охрид, „Кочо Рацин“ во Свети Николе, „Јане Сандански“ во Струмица, „8-ми Септември“ и ,,Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје.  

По двете успешно завршени акции овој месец, пензиските друштва најавуваат нови садења од септември.

Сите информации и активности поврзани со кампањата „Засади желба, за поубава иднина!“ се достапни на веб страната www.penzija.mk 

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал