Пет институции бркаа гласна музика во Центар, казнети неколку кафе-барови
Објавено во: Македонија 05 Мај, 2018 10:20
Општина Центар, во заедничка акција со УЈП, МВР, СВР Скопје, Градски паркинг и ЈП ПОЦ, синоќа беше во контрола на 20 угостителски објекти во Дебар Маало, улица Македонија, Пролет и во други делови на територија на општината.
За овие локали граѓаните се жалеле дека го нарушуваат редот и мирот со гласна музика, бесправно узурпирање на јавниот простор со поставување на тераси и паркирање на возила на недозволени места. „На дел од угостителските објекти им се изречени мандатни казни, на дел им е даден рок да достават документација и да го усогласат просторот според пропишаните параметри. Доколку рокот не биде испочитуван ќе им биде изречена соодветна глоба или ќе бидат затворени. Непрописно паркираните возила веднаш беа отстранети од ЈП ПОЦ и Градски паркинг“, велат од Општината.
Градоначалникот Саша Богдановиќ потенцира дека е воспоставена целосна координација со сите
институции и нема да се толерира незаконско работење на територија на општината. Во периодот кој
следува, тој најави дека со правосилни решенија ќе се пристапи кон отстранување на дивите и
незаконски поставените тераси и зачестени контроли на угостителските објекти.
Можеби ќе ве интересира
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал
МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама
„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“
Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка




