Петок ни носи – Дожд ама попладне, во јужниот регион!
Објавено во: Македонија 20 Август, 2015
Според информациите на Метеопро утрешнио ден ќе биде врнежлив и ќе се појават попладне и навечер, додека претпладнето ќе ни донесе променливо и умерено облачно време.
Јужниот регион е местото каде дождовите ќе бидат поизразени, со локален карактер, додека на север тие ќе бидат послаби.
Максималната температура ќе има вредност од 27°С до 30°С долж повардарието а југозападниот крај ќе биде посвеж со највисока вредност на температурата околу 25°С.