17 Декември, 2025
0.0347

Pickbox во знакот на нови серии: пристигнаа „Полдарк“, „Исправање“, „Џекил и Хајд“

Објавено во: Мои пари 06 Јули, 2016 09:11

Добивај вести на Viber

Pickbox сака да ги изненади своите гледачи со нови серии, а вистинска гаранција за уживање и позитивна напнатост се три серии кои уште денеска можете да ги гледате на Pickbox. Се работи за историската романса „Полдарк“, за драмата „Исправање“ чии потписници се продуцентите на серијата „Лоши навики“, како и за неверојатно успешната серија „Џекил и Хајд“ која нѐ води во британската метропола од 30-тите години и претставува екранизација на приказната за Роберт Луис Стивенсон.

„Полдарк“ и романсата што ќе ве маѓепса кога-тогаш

Историските драми никогаш не биле разочарување, па така ни сега. Совршенството на продукцијата, богатството на костимографијата, изразот на ликовите, сето тоа е доволно една  серија како „Полдарк“ да нѐ зароби во својата мрежа и да нѐ однесе во некој друг свет, во овој случај, во 18 век.

Војникот Полдарк (Ејдан Тарнер) се враќа од долгогодишната војна на својот имот, во мигот кога сите роднини веќе го отпишале. Нема да биде среќен кога ќе дознае дека девојката со која требало да се ожени е свршена за друг, но средбата со неугледната Демелза (Еленор Томилсон) може да го промени текот на животот на Полдарк.

Уживајте во романсата која во просек ја гледаа 8,8 милиони гледачи по епизода и нека ве понесе хемијата на оваа необична љубовна двојка. На Pickbox се достапни сите епизоди.

„Исправање“, во вистински миг

Кога е од процентите на серијата „Лоши навики“, не може да не чини! Новата серија „Исправање“ („Rectify“) која уште сега може да се гледа на Pickbox, може да ја најде сестрата-близначка во исто така одличната криминалистичка драма „На врвот на езерото“ („Top of the Lake“). Во главната улога е канадскиот актер Ејдан Јанг кој го толкува ликот на човек кој тукушто отслужил 19-годишна затворска казна и се враќа во своето родно место. Кога ќе почне да ја истражува истрагата што се водела против него, ќе се изненади кој сѐ изградил кариера врз неговото обвинение.

2

„Исправање“ има подеднакво интересна атмосфера како „Лоши навики“ или „Убиство“, но истиот ефект се постигнува со помалку насилство и со побавна нарација.

3

Што се случува кога судот ќе осуди невин човек и тој отслужува голема затворска казна? Одговорите најдете ги во серијата со која ќе се опседнете веднаш по првата епизода.

Добриот Џекил и манијакалниот Хајд

Интересната и мрачна серија „Џекил и Хајд“ ќе им донесе задоволство на сите што сакаат серии од поинаков калибар. Овој стилизиран хорор со дејство во триесеттите години од минатиот век е снимен според приказната за Роберт Луис Стивенсон. Со готски елементи, оваа серија ја надминува класичната приказна и донекаде потсетува на специјалната епизода на „Шерлок“ што можевме да ја гледаме за Нова година кога Шерлок беше во потрага по таинствената „сурова невеста“.

Во Лондон од 30-тите години го запознаваме по малку наивниот Роберт Џекил кој ќе мора да ја открие природата на своето проклетство. Имено, секојпат кога Роберт ќе почувствува омраза или бес, тој се преобразува во своето мрачно алтер-его, злобниот Хајд, кој не се срами од својата деструктивна природа и е целосна спротивност на чувствителниот Џекил.

Овој хорор сигурно нема да ве искапе во крв, но ќе биде доволно интересен за да се вратите на Pickbox по нова епизода.

 

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив