Пиволенд годинава го посетиле над 150 000 посетители
Објавено во: Македонија 07 Септември, 2015
Осмиот гурмански викенд на пиво „Пиволенд 2015“ годинава го посетиле 150 000 посеттели кои уживаа во добрата музика, вкусната храна и дегустираа различни пива, домашни и странски.
За забавата на публиката беа задолжени одлични македонски имиња, афирмирани како и млади неафирмирани музичари. На големата сцена настапија легендарните Ласт Експедишн, ултра забавните Суперхикс, жестоките Смат, урбаните Фолтин, Културно Уметнички Работници, раперот Тони Зен со својот бенд Флека, светскиот бренд Есма Реџепова, метал пионерите Верка, Барбарела и многу други, а од регионот популарниот панк-фолк бенд Бркови – Хрватска, како и Блендед Бру од Данска, бенд кој остави огромен впечаток на годинешниов Баскерфест.
„Пиволенд 2015“ почна на 2-ри, а заврши на 6-ти септември а посетителите имаа можност да пробаат од над 50 пивски брендови.
Одлична забава приреди и Лемон Бакет Оркестра од Канада, бенд од 15 луѓе, светски познат со над 300 концерти годишно, а на вториот стејџ се претставија над 30 музичари и диџеи.