Добивај вести на Viber
Попладнево во скопската населба „Цементарница“ се рашири паника дека градежни работници пронашле наводно неексплодирана авионска бомба и дека била извршена навремена евакуација. Сепак, при увидот на специјалниот тим на полицијата било утврдено дека станува збор за обична оксигенска боца која била сплескана и застарена, па наликувала на бомба.
Информацијата први ја споделија Дирекцијата за заштита и спасување со цел навремено да предупредат, но сега повторно излегоа со соопштение дека не станува збор за авионска бомба од голем калибар. Со тоа се смирија и самите работници ангажирани на теренот кои се плашеа да не наидат на уште некоја неекплодирана направа.