15 Јануари, 2025
0.1002

ПО 52 ГОДИНИ: Сеќавањата на старо Скопје, наспроти новата градска историја!

Објавено во: Македонија 26 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

И по 52 години од катастрофалниот скопски земјотрес сеуште се свежи сеќавањата на старите скопјани. Велат болката по загубените семејства е голема. Иако поминал  повеќе од половина век,   раскажуваат за разурнатите домови и објекти кои како кули од карти згаснувале пред нивните очи. Писателот Данило Коцевски кој е и хроничар на  Скопје,  вели дека утрото во  5 часот и 17 минути  илјадници семејства  за миг останале без покрив над главата, а во неговата меморија останале врежани спомените на плачот и лелекот на преживеаните. 11745587_1027786577233738_6288436486880774059_n “Катаклизма што сите граѓани бea до тој степен изненадени и затечени како во апокалиптичен настан. Паметам слушнавме огромна експлозија која ги исфрли луѓето од своите живелаишта, загинаа цели семејства.Имаше два три последователни удари, објектите исчезнуваа во облаците од прашина. Јас тогаш бев тинејџер и со моите  другари со кои пред еден ден игравме, на кобниот 26 јули се разбудивме во кошмар. Сите помага како знаеа и умееа. Сите спиевме надвор од страв, земјата сеуште трепереше, потоа отидовме  под шатори.Се сеќавам дека некои луѓе со раце се обидуваа да  ги растргнуваат  бетонските блокови, во обид да најдат некој од  своите блиски”-раскажува хроничарот Данило Коцевски. 11227764_1027786670567062_4087647157795763524_n Веста за разурнатото Скопје силно одекнала во сите поранешни југословенски републики но и во светот. Помошта почнала да стигнува од сите страни. На помош прва дошла војската, милицијата. “Имаше повредени на секоја полјана. Епицентарот на самиот земјотрес зборува за таа невидена катастрофа од улица “Македонија” кон плоштадот и од улицата  “Ленинова”  до приугата-затоа најмногу беше зафатено централното градско подрачје. Сликите беа трогателни, луѓе кои избезумено бегаат и плачат, други плачеа над урнатините и ги бараа своите блиски заглавени .Помошта почна да доаѓа и се спасуваа првите граѓани. Тогаш се случи санитетот на југословенската армија, Црвениот крст. Првата вест за скопскиот земјотрес е пратена од капетанот Петар Јовиќ до најблиската воена касарна во Приштина, а потоа ја пренесе и доајенот на новинарството во земјава Јован Поповски од македонското радио. Скопје изгуби дури 80 отсто од  стамбениот фонд, луѓето останаа без покрив над главата, спомениците беа урнати, но најголемата штета беа човечките живот. На 6 август дојде советската и американската армија,интересен податок на еден објект работеа по неколку армии, англиска, советска, норвешка, германската, данската-замислете која беше таа солидарност. По улиците се слушаа песни: “СКОПЈЕ ГРАДЕ - ТИ НЕ ГУБИ НАДЕ, ДОШЛЕ СУ ТИ СОЈУЗНЕ БРИГАДЕ ”- вели Коцевски. 11196223_1027787387233657_5315045361399488643_n Обединетите Нации  на заседанието на 14 октомври 1963-тата година  посветуваат  специјално собраниекое е  посветено  на Скопје и е донесена одлука за помош на градот со специјален фонд , од кој подоцна  се правени урбанистичките планови на градот. Скопје објаснува Коцевски- почнува да се гради. “Дојде Кензо Танге, Циборовски, фирмите Доксијадис од Грција, урбанисти, архитекти,  за веќе во зимата 1963 се прават првите населби за да се сместат луѓето . Во периодот по земјотресот се формираа околу 60 младински бригади од земјава и од поранешните ју републики. Од сите аеродроми полетуваа авиони со помош. Во 1964 се одржа првиот ден на солидарноста на кој и јас присуствував. И следната година имаше таков настан кој се одржа на Калето. Скопје доби ново лице за неколу месеци, градот се расчистуваше. Во 1964-тата  и 65-тата година се носи Генералниот урбанистички  план на Кензо Танге и градот зема здив. Се формираа околу 18 населби во Скопје, населбата Влае ја градеа Словенците, маџари-Хрватите, Лисиче од Црногорците. Учествуваа Мексико, европските земји. Скопје полека се опоравуваше. Кога се одбележуваше половина век од скопскиот земјотрес,  јас имав можност да се видам со многу луѓе кои велат дека сеуште е свежа раната. Скопјаните почнаа да живеат во два града, со емоции и сеќавање кон старото и со нов лик во новото Скопје”-додава Коцевски. 11019417_1027786603900402_4529867478577230754_n Во земјотресот покрај станбените настрадале и капитални објекти кои биле белег  и симбол на градот, меѓу кои Офицерскиот дом, Народната банка, Старата железничка станица, Поштата 1 и 2, Стариот театар. 15 000 станови биле целосно уништени, а уште 20 000 онеспособени. Градот броел околу 200 000 жители, а повеќе од 1000 го загубиле животот под урнатините. 11800175_1027786573900405_2918507150807975714_n Секоја генерација според Коцевски  носи свој белег и начин на живеење. Тој иако е познавач на градот и негов хроничар,  не сака да ги коментира новите градежни зафати од проектот Скопје 2014-та,  кои како што  вели ќе бидат оценувани и раскажувани од следните генерации. grad skopje Всушност и овој период, слично како и пост земјотресниот претставуваат меѓник на едно доба. По зејотресот беше сменет ликот на Скопје, а и проектот Скопје 2014 го смени личниот опис на градот. Поставени се ноби градби во стилови кои не биле примарно присутни на овој простор, па за многумина овој проект (СК 2014)е во најмала рака контроверзен од историски, културолошки и архитектонски аспект. С.Б.  

Можеби ќе ве интересира

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....