По бројни иницијативи конечно матични гинеколози за Бутел и Шуто Оризари
Објавено во: Македонија 17 Септември, 2016
Двете големи скопски општини Бутел и Шуто Оризари по голем број на иницијативи на невладини организации конечно ќе добијат матични гинеколози кои ќе служат во локалните клиники.
Министерството за здравство проблемот ќе го решава со кофинансирана специјализација на 30 гинеколози кои освен во скопските општини ќе бидат распоредени и во места како Арачиново, Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Јегуновце, Липково, Теарце и Демир Капија кои за првпат ќе добијат матичен гинеколог.
- Со доделените кофинансирани специјализации ќе го зголемиме бројот на матични гинеколози за 22 проценти и со тоа значително ќе се доближиме до европскиот стандард. Според европскиот стандард, кај еден матичен гинеколог има околу 3.000 жени, а со новиот зголемен број матични гинеколози ќе биде околу 4.000 жени, изјави министерот за здравство Никола Тодоров.
На објавениот трет оглас има општини за кои не се пријавил ниту еден кандидат и затоа Министерството за здравство во понеделник ќе го реобјави огласот за 15 општини. Министерот Тодоров очекува да се пријават кандидати и за овие општини и да аплицираат оние кандидати кои не поминале во претходната селекција, а се пријавиле за некоја друга општина.