По поплавите граѓаните стравуваат од ново невреме
Објавено во: Македонија 11 Август, 2016
Граѓаните кои во саботата беа погодени од поплава се исплашени од најавите за ново невреме.
УХМР за денеска и утре најави ново невреме, но не го вклучи алармот за можна опасност. Повторно се очекува невреме според прогнозите, а утре ќе дува силен ветер со бризина до 90 км на час.
Во текот на попладневните и вечерните часови се очекуваат врнежи од дожд кои на места ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, информираат синоптичарите.
Ваквите процеси се очекува поизразени да бидат во северните и источните делови на земјата, така што во овие делови е можно активирање на некои помали водотеци и суводолиците.
Ако локално за кратко време наврнат поголеми количини на дожд, можно е на удар да бидат и градските урбани средини каде поради асфалтот и бетонот нема можност за впивање на водата.
Можна е и појава на одрони и свлечишта и се препорачува внимателно движење покрај суводолиците и подвозниците, стои во писменото соопштение на УХМР.