19 Декември, 2025
0.1024

По повод денот на машкото здравје, 19 ноември: dm drogerie markt донираше повеќе од 360 илјади денари на одделот за урологија при Градската општа болница „8. Септември“ во Скопје!

Објавено во: Мои пари 19 Ноември, 2022 13:09

Добивај вести на Viber

Компанија dm дрогерие маркт, која е позната на нашиот пазар како општествено одговорна компанија, по повод 19 ноември – Светскиот ден на мажите, а во рамките на светски познатата кампања „Movember“ донираше два цитоскоп апарата во вредност од повеќе од 360.000 денари на одделот за урологија при Градската општа болница – 8. Септември во Скопје. Со оваа донација, како и со целата кампања Movember, компанијата има за цел да ја поткрене свеста за редовните прегледи, како неопходен дел од борбата за подобрување и зачувување на машкото здравје.

,,Среќни сме што од година во година изнаоѓаме нови начини да го оправдаме филантропскиот принцип – еден од постулатите на нашата компанија. Покрај тоа што во текот на целиот месец преку различни активности ја подигаме свеста за постоењето и превенцијата на машките болести, со оваа донација даваме и придонес на една од институциите кои работат конкретно на оваа проблематика, а ова нè прави особено горди’’ – изјавуваат од компанијата.

Ноември, или популарниот „Movember“ е месец во знакот на грижата на машкото здравје и ја нагласува важноста на свесниот начин на живот и редовни здравствени контроли. Ракот на простата е втор најчест карцином кај машката популација, додека ракот на тестисите е најчестиот облик на рак кај мажите на возраст меѓу 15 и 34 години, а редовните прегледи се најзначајниот фактор за превенција. Грижата за машкото здравје не треба да се гледа како слабост или да биде фокусирана само во еден месец. Само со заедничка посветеност и заеднички сили може да се развие свеста за значењето на редовните прегледи, а со оваа донација на dm и да се подобри квалитетот на здравствените прегледи.

dm дрогерие маркт, благодарение на постојаното вложување во здравствениот сектор е етаблиран како пријател на македонските здравствени институции. Во изминатата деловна година, компанијата донираше повеќе од 5,3 милиони денари во општествено одговорни цели. Меѓу другото, во текот на оваа година компанијата донираше повеќе од 1,6 милиони денари за подобрување на условите за родилките во пет јавни клиники во земјава!

* ПР - објава

Можеби ќе ве интересира

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство