Стошиќ во својот работен век раководеше и на повеќе новинарски проекти, а беше активна и во невладиниот сектор. Голем број млади новинари ја поминаа нејзината школа низ редакциите кои ги раководеше како уредник и главен и одговорен уредник.
На социјалните мрежи пофални зборови за нејзиниот ангажман, колегијалност и човечност споделуваат голем број пријатели, нејзини соработници и се простуваат од неа.
Фото: МКД.мк




