15 Мај, 2024
0.0270

Почна бесплатната школа за уметничко лизгање на „Еуролинк“

Објавено во: Мои пари 03 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Триесет и пет деца на возраст од 6 до 14 години почнаа да ги изучуваат основните техники на уметничкото лизгање во рамките на бесплатната школа што ја организира компанијата „Еуролинк осигурување“.

Besplatna shkola za umetnichko lizganje na Eurolink

Школата се организира втора година по ред на лизгалиштето во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Часовите ги раководи професионалниот тренер по уметничко лизгање Ксенија Јаштшењски-Симиќ, која на вчерашниот прв час на децата им помогна да ги совладаат првите задачи и техники.

- Секое дете е индивидуа и како такво го третираме во процесот на тренинзите. Неговиот натамошен напредок и развој во овој спорт зависи од талентот што го поседува, желбата, упорноста и трудот што ќе вложи во часовите. Многу сум задоволна од залагањето и желбата што дечињата ја покажаа на првиот час и искрено се надевам дека токму меѓу овие деца во школата на „Еуролинк“ ќе откриеме нов талент за уметничко лизгање – истакна Јаштшењски-Симиќ.

Besplatna shkola za umetnichko lizganje na Eurolink 3

Часовите се одржуваат двапати неделно во траење од еден месец. Школата ќе се заокружи со завршна приредба, на која децата ќе настапат со сопствена кореографија. Сите учесници што успешно ќе ја завршат школата ќе добијат сертификати што ќе им бидат доделени на завршната приредба.

Целта на зимската школа за уметничко лизгање е да им овозможи на најмладите во текот на зимскиот период активно да спортуваат и да го поминуваат слободното време на креативен и корисен начин.

Besplatna shkola za umetnichko lizganje na Eurolink 2

„Еуролинк осигурување“ на избраните учесници им обезбеди бесплатни термини за уметничко лизгање во траење од еден месец, брендирана опрема и лизгалки. Проектот е организиран во рамките на корпоративната платформа за општествена одговорност „Еуролинк - Вашата врска со вистинските вредности“ чија цел е поддржување и афирмирање на македонската култура, уметност и образование.

Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“