ПОЧНАА ОД ГАРАЖА СТИГНАА ДО МИЛИЈАРДИ: Денес овие компании имаат најголеми седишта
Објавено во: Мои пари 20 Јуни, 2016 14:18
Некои од денес најголемите технолошки фирми се основани во гаражи и студентски домови. Компанијата Cove направи интересен приказ како тие се менувале во текот на годините.
Амазон
via GIPHYЏеф Безос во 1944 година основа онлајн книжара од својата гаража во Сиетл. Денес Амазон е најголема светска интернет трговија.
Епл
via GIPHYЕдна од најпознатите приказни во светот на технологијата е таа за почетоците на ЕПЛ во гаража. Стив Џобс, Стив Возњак и Роналд Вејн ја основаа ЕПЛ во 1976 година, а ни на крај памет не помислувале дека Епл ќе стане еден од најпознатите и најпопуларни брендови на светот. Епл набрзо после основањето се иселил од гаражата, а денес има седиште во Купертино.
Фејсбук
via GIPHYМарк Цукенберг во 2004 година го основал Фејсбук како онлајн алат за помош на студенти. Фејсбук набрзо се рашири ширум светот, а компанијата која настана во студентискиот дом во Масачусетс денес има преку милијарда корисници. Седиштето на Фејсбук е во Менло Паркот во Калифорнија.
Гугл
via GIPHYГугл е резултат на истражувачкиот проект за факултет. Лари Пејџ и Сергеј Брин го основале во 1996 година, а првиот уред на Гугл бил во гаража. Оваа компанија денес вреди милијарди долари, а седиштето е и во Калифорнија.
Интел
Интел го основале Гордон Е. Мор и Роберт Нојс во далечната 1968 година. Денес Интел е една од најпознатите технолошки компании со седиште во Санта Клара.
via GIPHYМожеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




