Почнува гласањето за најдобрата #ФотоНаНеделата – Најпопуларната Инстаграм акција во Македонија
Објавено во: Мои пари 04 Март, 2016 12:15
оне.Вип го објавува почетокот на гласањето за најдобрите фотографии на #ФотоНаНеделата – најбрзорастечки хаштаг во Македонија на кој веќе една година, љубителите на малите фотографии, пасионираните инстаграмџии секојденвно ги тагираат своите најдобри фотографии на Инстаграм.
Гласањето е овозможено на http://fotonanedelata.mk/, каде што секој може да се пристапи со Инстаграм илиФејсбук профили да гласа за својот фаворит до 20 март 2016г.
На завршната изложба која ќе се одржи на 24 март 2016г., во Concept37, е бидат изложени фотографиите на сите 54 победници, а за првпат ќе бидат доделени четири награди и тоа за: најдобра фотографија изгласана од публика, најдобра фотографија избрана од посетителите на настанот, најдобра фотографија избрана од жирито и најдобра фотографија на годината (вкупна награда како збир од сите три горенаведени начини на гласање).
Проектот #ФотоНаНеделата започна кон средината на февруари минатата година и успеа да привлече повеќе од 2.500инстаграмџии кои на своите профили досега објавија, без малку, 39.000 фотографии со овој хаштаг, а со тоа го направија #ФотоНаНеделата еден од најпопуларните проекти на социјалните медиуми во Македонија.
Основната идеја на овој проект е промоција на Инстаграм заедницата во Македонија која постојано креира вистинска фото уметност. Досега на блогот на ЏаБест направени се 54 интервјуа на инстаграмџии чии фотографии заслужено го добија епитетот #ФотоНаНеделата.
Овој проект не остана незабележан ниту во регионот, па така на регионалниот маркетинг настан “WeekendMediaFestival“ во Ровињ, во конкуренција од 128 пријавени кандидати од целиот регион, #ФотоНаНеделата беше награден со SoMoBorac статуетка како финалист во категоријата SoMustHave за најдобра комуникација на Инстаграм и блог.
За гласање и повеќе информации заинтересираните можат да пристапат на http://fotonanedelata.mk/
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




