19 Декември, 2025
0.0428

Почнува неделата на медицинските сестри

Објавено во: Мои пари 05 Мај, 2014 11:17

Добивај вести на Viber

Здружението на медицински сестри, акушерки и техничари „Славјанка Бахчева“ и Клиничката болница „Аџибадем Систина“ по повод Меѓународениот ден на медицинските сестри од денеска до 12 мај организираат повеќе едукативни работилници и предавања. Едукативни работилници ќе се однесуваат на новитетите во концептот на работа како и идните планови за развој на оваа професија. Целта е да се подигне новото на стандардите за здравствена нега во сите сегменти. Според агендата, предвидено е денеска со почеток во 13:30 часот да се одржат работилници на тема Улогата на акушерката и прием на трудница, во вторник во истиот термин еминентните доктори Emin Aksoy и Dilek Kitapciogly ќе го презентираат Универзитетот Acibadem, додека во среда ќе се презентира медицинската документација по JCI стандарди. Овие презентации ќе се одржат во Амфитеатарот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, додека на 8 Мај со почеток во 12 часот во конгресната сала во „Борис Трајковски“ ќе се одржи третата по ред работилница на тема „Репрограмирање на инструменти и ендоскопи, минимизирање на ризикот од инфекции“. Учество во активностите можат да земат сите медицински сестри кои за време на настаните можат да се регистрираат и да станат членови на Здружението на медицински сестри, акушерки и техничари „Славјанка Бахчева“.

Можеби ќе ве интересира

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство