Поддршка за Ердоган од Скопје, Кичево и Гостивар
Објавено во: Македонија 28 Јули, 2016
Денеска во Скопје, Кичево и Гостивар се одржаа јавни собири на кои му се даде поддршка на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Дел од собирите беа лица кои се поддржувачи на актуелната политика на Ердоган.
Организаторите велат дека со овој собир сакаат да испратат порака до Турција дека таа земја и нејзиниот претседател имаат безрезервна поддршка.
Велат го поддржуваат патот по кој се движи Турција, и дека се против секакво насилно менување на власта со недемократски средства.
Да потсетиме...
Во Турција на 15 јули се случи обид за државен удар, поради што турскиот претседател прогласи вонредна состојба од три месеци во земјата.
По неуспешниот обид за пуч беа приведени повеќе од 15.000 лица, меѓу кои 10.000 се војници. Отпуштени и повеќе од 49 000 луѓе во различни министерства и државни институции осомничени дека се вмешани во обидот за воен удар, како и околу 1.700 војници и 87 генерали.
Затворени се и многу медиуми, медиумски куќи и слично.