26 Јануари, 2025
0.0267

ПОЕФИКАСНИ ИЛИ САМО АДМИНИСТРАТИВЦИ НА ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД: Во државните канцеларии се слави

Објавено во: Економија 01 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Бурни реакции меѓу експертите но и кај граѓаните предизвика предлог Законот за административни слуѓбеници според кој се намалува работното време на административците од 40 на 36 часа во неделата. Не стивнуваат коментарите за тоа колку е оправдано да се намалуваат работните часови ако се сака да се зголеми ефикасноста. Според предлог законот администрацијата ќе работи од понеделник до четврток по 8 часа, а во петок само четири часа.
Зоран ЈОвановски, потпретседател на Стопанската комора вели дека законот не треба да се носи без анализа за очекуваните ефекти.
Воопшто не навлегувам во можните чисто политички, изборни или религиозни мотиви за предлог-законот за намалувањето на работните часови на администрацијата во петок за 4 часа. Она што би требало да биде редовна практика кај секој предлог-закон е економска анализа со очекуваните квантифицирани ефекти од законот. Претпоставувам дека таква анализа има и за овој предлог-закон и убаво би било таа да се даде на увид на јавноста, вели Јовановски.

Движењето за социјална правда „Обединети работници“ соопшти дека има загриженост поради околностите поврзани со новиот предлог Закон за административни службеници, а во насока на содржината на истиот и тајмингот на неговото пуштање во јавност.

„Ваквите измени ќе придонесат за енормна разлика во статусот на вработените “под државна капа“ и вработените во приватниот сектор, промовирајќи привилегиран статус на државната администрација која што долги години е во заробеништво на владејачките партии. Иако сме согласни дека на сите работници во Македонија треба да им бидат подобрени работните услови, како и нивниот статус при работен однос, сепак останува фактот дека овој закон се поднесува непосредно пред локалните избори, нешто што создава сомнеж дека истиот ќе биде манипулативно користен за добивање на што поголем број на гласови од страна на владејачката гарнитура, велат од Обединети работници.

Професорката Ана Павловска Данева вели дека е симптоматично зошто е избран петок.

„Јас не мислам дека со изборот на петок како ден во кој ќе се работи само четири часа ќе ја зголеми ефикасноста на администрацијата и да се направи, поквалитетна и пофункционална. И не знам зошто е избран петок, веројатно да се направи некој продолжен викенд, вели Павловска Данева.

Фактор вчера ексклузивно објави дека во членот 55 од Законот кој се однесува на работното време стои:

„Полното работно време на административните службеници изнесува 36 часа неделно, односно осум часа дневно од понеделник до четврток и 4 часа дневно во петок, доколку со закон и/или колективен договор поинаку не е утврдено.

(2) За неполно работно време на административните службеници ќе се смета работното време кое е пократко од 36 часа неделно, а ќе се остварува согласно со закон, пишува во законот.

Инаку Законот беше ставен на ЕНЕР на 21 септември годинава и по коментарите треба да оди на усвојување. Во актуелниот закон распоредот на работното време е од понеделник до петок за 40 работни денови. Работно време е од 7:30 или 8:30 часот до 15:30 или 16:30 часот.

Фактор веќе пишуваше дека за реформите во администрацијата се носат два  нови закони - овој за административните службеници и Законот за вработени во јавниот сектор. 

Законите, според објаснувањата треба да ја направат департизирана и деполитизирана јавната администрација, но и да ги избегнат во неа појавите на непотизам, клиентелизам и кронизам. 

 „Овие закони директно влијаат на целосната деполитизација на државната администрација и ги поставуваат темелите на вредностите и меритократијата за да се стигне до работното место или унапредувањето. Ние сме решени да ги завршиме овие реформи“, изјави пред извесно време министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТ ТЕКСТИЛЕН ГИГАНТ ЗАТВОРА ПРОДАВНИЦИ - само на Балканот 260 вработени останаа без работа

ПОЗНАТ ТЕКСТИЛЕН ГИГАНТ ЗАТВОРА ПРОДАВНИЦИ - само на Балканот 260 вработени останаа без работа

Меѓународен ден на чиста енергија - Божиновска со студентите: Младите се иднината на чистата енергија и иновациите

Меѓународен ден на чиста енергија - Божиновска со студентите: Младите се иднината на чистата енергија и иновациите

ПОЗНАТА КОМПАНИЈА НАЈАВУВА ОТКАЗИ - отпуштаат работници поради намалени нарачки, но подготвува и голема инвестиција

ПОЗНАТА КОМПАНИЈА НАЈАВУВА ОТКАЗИ - отпуштаат работници поради намалени нарачки, но подготвува и голема инвестиција

РАДИЈАТОРИТЕ ИМ СЕ ЛАДНИ - расте бројот на домаќинства кои не можат соодветно да се загреат во Европската унија

РАДИЈАТОРИТЕ ИМ СЕ ЛАДНИ - расте бројот на домаќинства кои не можат соодветно да се загреат во Европската унија

„ЕВРОПА ЗАОСТАНУВА ЗАД САД“: Кристалина Георгиева од Давос со остра критика за стариот континент

„ЕВРОПА ЗАОСТАНУВА ЗАД САД“: Кристалина Георгиева од Давос со остра критика за стариот континент

УШТЕ ЕДНА КОМПАНИЈА ВО ГЕРМАНИЈА „СТАВА КЛУЧ НА ВРАТАТА“: речиси 500 работници во Франкфурт ќе останат без работа

УШТЕ ЕДНА КОМПАНИЈА ВО ГЕРМАНИЈА „СТАВА КЛУЧ НА ВРАТАТА“: речиси 500 работници во Франкфурт ќе останат без работа

Сашо Клековски објасни зошто нема лекови на „Онкологија“: Не сакаме да купуваме на реверс

Сашо Клековски објасни зошто нема лекови на „Онкологија“: Не сакаме да купуваме на реверс

Започнува „кампањата“ за нов гувернер на Народна банка, кој е првиот пик на власта?

Започнува „кампањата“ за нов гувернер на Народна банка, кој е првиот пик на власта?

Божиновска во рудникот САСА – Приоритет се одржливи рударски практики и безбедност на рударите

Божиновска во рудникот САСА – Приоритет се одржливи рударски практики и безбедност на рударите