Помош за поплавените – донираа Словачка и Холандија
Објавено во: Македонија 19 Август, 2016
Словачка и Холандија се земјите кои испратија помош за настраданите во поплавите од 6 август во скопско.
Во Дирекцијата за заштита и спасување денеска ќе пристигнат донациите од овие две земји.
На примопредавањето на донациите ќе присуствуваат претставници од амбасадите и претставници од Владата на Република Македонија.
Донациите ќе бидат предадени во кругот на касарната „Гоце Делчев“ во населба Аеродром, каде се наоѓаат просториите на Дирекцијата за заштита и спасување.
Преку Механизмот за цивилна заштита досега за земјава пристигнаа донации од Грција, Австрија, Чешка, Унгарија и Бугарија.
Во рамки на своите можности донираа и многу други земји.
На терен се санираат последиците од невремето и полека животот се враќа во нормала.