ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ: Средства ќе донира и косовската Влада
Објавено во: Македонија 01 Септември, 2016
За поплавените домаќинства во скопско ќе донира и соседно Косово.
Владата во Косово одлучи за погодените во поплавите во Македонија да донира 50.000 евра. Оттаму велат дела помошта е во духот на добрососедството.
„Нашата влада треба да го следи примерот на другите држави и да му помогне на својот сосед, Македонија“ - вели шефот на косовската дипломатија, Енвер Хоџај.
По невремето кое во почетокот на август го зафати скопскиот и тетовскиот регион, косовските власти понудија помош за справување со последиците. Тие испратија и специјална екипа и соодветна механизација за расчистување на теренот.
За поплавените граѓани донираа Словачка, Холандија, Унгарија, Австрија, Бугарија, Србија, Словенија и други земји.