06 Октомври, 2024
0.0338

ПОПИС 2021 - 100 НЕВРАБОТЕНИ ДОКТОРИ НА НАУКИ, поголемиот дел од невработените со основно и средно образование

Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Во земјава има вкупно 109.249 невработени лица на возраст од 15 години и повеќе. Од нив речиси 80 проценти се со основно или средно образование.

Поголемиот дел од невработените со основно и средно се мажи – над 60 проценти, додека од 1.545 невработени со магистратура 60 проценти се жени.

Во земјава има и 100 невработени доктори на науки.

Над половината од невработените или 56.701 лице се со средно образование, од кои над 60 проценти се мажи. Над 30 илјади или 28 проценти имаат основно образование.

Околу 14 проценти од невработените имаат високо образование, од нив речиси 60 проценти се жени.

Нешто под пет проценти од невработените се без образование или незавршено основно образование.

Ова го покажува третиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021, објавен од Државниот завод за статистика.

Анализите изработена од МИА покажале дека над половина од невработените со основно образование се на возраст меѓу 40 и 60 години, додека најмногу се на возраст од 45 до 49 години – над четири и пол илјади.

Околу една третина од невработените со средно образование се на возраст меѓу 20 и 29 години, што значи дека можеби се уште не го завршиле своето образование. Околу 11 проценти или над 6 илјади се на возраст меѓу 30 и 34 години. Над пет илјади или по десет проценти се на возраст меѓу 35 и 39 години и меѓу 55 и 59 години.

Во земјава има 100 невработени доктори на науки. Над една третина или 36 од нив се на возраст од 30 до 39, по една четвртина се на возраст од 40 до 49 години (26) и од 50 до 59 години (25). Шестмина се постари од 60 години, додека седум се на возраст од 25 до 29 години.

Од вкупно 109.249 невработени во земјава 1.541 се магистри. Речиси две третини се млади на возраст од 25 до 34 години, додека над една третина се во Скопје.

Седум проценти или 112 невработени магистри се во Тетово, а по шест проценти во Битола, Куманово и Прилеп. По околу педесетина невработени магистри има и во Кичево, Гостивар, Охрид и Струга. 

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил