Поплавените од понеделник ќе добијат по 250 евра
Објавено во: Македонија 16 Септември, 2016
Oд понеделник ќе се префрлаат пари на сметките на поплавените семејства, информираат од Црвениот крст.
Оттаму објаснуваат дека одложувањето не зависи од нив. Тие чекаа од Владата да им ги достават списоците од жителите, за да можат парите да ги префрлаат на нивните сметки. Се очекува секое семејство ќе добие по околу 250 евра.
На сметката на организацијата има 63 милиони денари кои се собрани од донации.
Во поплавите во скопско од 6 август имаше 22 жртви и големи материјални штети на куќи, автомобили, покуќнина.