Поплавените жители на скопско авансно ќе бидат обештетени
Објавено во: Македонија 11 Август, 2016
Поплавените граѓани Владата авансно ќе ги обештети.
За таа цел ќе бидат исплатени 1,5 милиони евра. Ова е одлучено вчера на седница, соопшти денеска премиерот Емил Димитриев.
„На вчерашната владина седница донесовме одлука да интервенираме авансно со 1,5 милиони евра средства. Тие средства после ќе бидат вкалкулирани во средствата кои ќе бидат како отштета, но сметаме дека е добро авансно да се реагира бидејќи на некои луѓе и сега им требаат“ - вели тој.
Тимовите за проценка на штети веќе се на терен и работат на утврдување на настанатата штета.
Штети од саботното невреме претрпеа околу 5000 семејства.
Оштета граѓаните ќе добијат и за поплавеното земјоделско земјиште, беше кажано денеска.