Поради бетонирање на мостовите сообраќајот Велес – Скопје ќе биде во застој
Објавено во: Македонија 09 Април, 2015
На патниот правец Велес-Скопје после наплатната станица Отовица во текот на денот ќе се врши бетонирање на мостовите при што сообраќајот ќе биде во застој на кратки интервали од пет до десет минути при извршување на градежните работи.
Забраната за сообраќај на сите видови возила на патниот правец А-3 Ресен-Прилеп, обиколница на Битола е укината и сообраќајот е нормализиран за сите видови моторни возила.
На патниот правец Скопје – Велес одронот е исчистен и сообраќајот е нормализиран. Од превентивни причини сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 500 метри, за што е поставена соодветна сообраќајна и светлосна сигнализација.
На патниот правец Удово – Гевгелија, на клучката кај с.Марвинци, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.
На регионалниот пат Гевгелија - Смрдлива вода, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента поради појава на свлечиште. На патниот правец Р1205 Крупиште – Пробиштип кај село Неокази дојдено е до попуштање на патот преку двете коловозни ленти (расцеп околу 20см). Сообраќајот е комплетно стопиран за сите видови на моторни возила , а се пренасочува преку с. Киселица, с Ратавица, с. Леговец и Пробиштип.На територија на Струмица, поради оштетување на мост на река Турија, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на локалниот пат с.Просениково - с.Сарај, а сообраќајот на овој патен правец за ТТВ се одвива по заобиколен пат, пренесуваат од амсм.