30 Јануари, 2025
0.0352

ПОРАНЕШЕН ПОМОШНИК МИНИСТЕР И ВРАБОТЕНА ВО МВР ДОБИЈА КРИВИЧНИ - место оглас, склучиле спогодба по итна постапка

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднела кривична пријава против Ж.Т. во својство на помошник министер во Министерството за внатрешни работи и против А.С. во својство на раководител на Сектор за набавки, менаџмент и логистика во Министерството за внатрешни работи поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 ст.4 вв ст.1, од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

- Првопријавениот Ж. Т. во својство на одговорно лице, помошник министер во Министерството за внатрешни работи на РСМ, неизвршувајќи ги своите службени овластувања свесно и со однапред утврдена намера, не донел одлука за јавна набавка од отворена постапка за набавка на Услуги за сервисирање на возилата во сопственост на МВР во 2018 година иако бил донесен План за дополнување на Годишен план за да се спроведе истата во декември 2018 година. 

Тој не презел дејствија за навремено отпочнување и објавување на редовна постапка и ја загрозил безбедноста на вработените во Министерството за внатрешни работи со што ги довел возилата во состојба на дефектажа и неможност истите да се сервисираат на начин што не донел одлука во најбрз можен рок по носење на новиот Годишен план за јавни набавки за 2019 година и со тоа свесно ги довел сите во состојба на итност за со намера да се спроведе итна постапка донесувајќи Одлука за спроведување на итна постапка со преговарање без објавување на оглас за поправка и сервисирање на ПМВ и ТМВ во која постапка биле испратени покани само на одредени економски оператори - се наведува во соопштението на финансиска полиција. 

Од таму истакнуваат дека второпријавената А. С. во својство на началник на Секторот за набавки, менаџмент и логистика при Министерството за внатрешни работи на РСМ чија должност била да ги спроведува одлуките донесени од помошник министерот, истата иако била должна да задолжи лице кое ќе објави оглас за јавна набавка од отворена постапка, не го сторила тоа. 

Со овој чекор, посочуваат од финансиска, пријавените не овозможиле на други заинтересирани економски оператори да учествуваат во истата постапка, врз основа на што првопријавениот Ж. Т. склучил рамковна спогодба по итна постапка со преговарање без објавување на оглас на кој начин првопријавениот заедно со второпријавената овозможиле противправна имотна корист за носителите на набавката Коп Компани ДООЕЛ Скопје, Пржо Автокомплекс ДООЕЛ Битола, Аутомакедонија АД Скопје, ДТУ Авто сервис Раде ДООЕЛ увоз-извоз с. Теарце Тетово и МИ - ДА Гранд Моторс ДОО Скопје, по 9.440.000,00 денари поединечно за секој правен субјект односно вкупен износ од 47.200.000,00 денари со ДДВ, се наведува во соопштението од Управата за финансиска полиција.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) ЕЛИТНИОТ РАЗУЗНАВАЧКИ И ПОЛИЦИСКИ ВРВ СЕ СОБРА НА ЕДНО МЕСТО - показен тренинг за елиминирање на терористички структури

(ФОТО) ЕЛИТНИОТ РАЗУЗНАВАЧКИ И ПОЛИЦИСКИ ВРВ СЕ СОБРА НА ЕДНО МЕСТО - показен тренинг за елиминирање на терористички структури

Катерина Јанковиќ е нов член на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје

Катерина Јанковиќ е нов член на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје

Уапсениот хирург од Битола доби осумдневен притвор

Уапсениот хирург од Битола доби осумдневен притвор

НИТУ ПРЕСМЕТУВАЛ НИТУ ПЛАЌАЛ ДАНОЦИ - финансиска полиција гони струмичанец за даночно затајување

НИТУ ПРЕСМЕТУВАЛ НИТУ ПЛАЌАЛ ДАНОЦИ - финансиска полиција гони струмичанец за даночно затајување

БИОЛОШКАТА ТЕРАПИЈА Е НА КЛИНИКАТА ЗА ОНКОЛОГИЈА, ПАЦИЕНТИТЕ ЌЕ ЈА ДОБИЈАТ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА: „Следната година нема да има ваков проблем“

БИОЛОШКАТА ТЕРАПИЈА Е НА КЛИНИКАТА ЗА ОНКОЛОГИЈА, ПАЦИЕНТИТЕ ЌЕ ЈА ДОБИЈАТ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА: „Следната година нема да има ваков проблем“

Почина работник на автопатот Кичево - Охрид

Почина работник на автопатот Кичево - Охрид

СО 160.000 ЕВРА СЕ КУПЕНИ САМО ДВА ЛАСЕРИ КОИ НЕ БИЛЕ ВО УПОТРЕБА: Ревизорите открија сериозни проблеми на Клиниката за дерматологија

СО 160.000 ЕВРА СЕ КУПЕНИ САМО ДВА ЛАСЕРИ КОИ НЕ БИЛЕ ВО УПОТРЕБА: Ревизорите открија сериозни проблеми на Клиниката за дерматологија

ЌЕ СЕ ИСПИТУВА КРВТА И УРИНАТА НА ВОЗАЧОТ КОЈ ЈА ЗГАЗИ МЛАДАТА ДЕВОЈКА - детали од Обвинителството за несреќата

ЌЕ СЕ ИСПИТУВА КРВТА И УРИНАТА НА ВОЗАЧОТ КОЈ ЈА ЗГАЗИ МЛАДАТА ДЕВОЈКА - детали од Обвинителството за несреќата

Сообраќајка утрово го закочи Центар

Сообраќајка утрово го закочи Центар