19 Декември, 2025
0.1000

Портал Мој.МКБ – вистински информации за сигурни деловни одлуки!

Објавено во: Мои пари 29 Ноември, 2022 11:14

Добивај вести на Viber

Деновиве започна со работа новиот портал на Македoнско кредитно биро Мој.МКБ чијашто цел е да понуди целосни финансиски извештаи и информации потребни за нашата бизнис-заедница. 

Дали ова е вистинско време за нов бизнис-почеток? Дали оваа фирма може да биде иден партнер во бизнисот? Може ли иднината да се темели само на кажан збор? И на крајот, може ли да се пронајдат информации за финансиските обврски на фирмите со кои може да се соработува?

Одговорот на сите овие прашања, може на лесен и едноставен начин да се добие на порталот „Мој.МКБ“, за кој, од Македонското кредитно биро истакнуваат дека е препознатлив по својата едноставност при регистрацијата како и сеопфатност и разновидност на точни информации со кои располага. Порталот Мој.МКБ, освен досегашните добропознати извештаи како Корпоративен-бонитетен извештај, Сопствен извештај за физички лица и Сопствен извештај за правни лица, за првпат нуди и една новина на македонскиот пазар, а тоа е детално пребарување на сите правни субјекти по единствени параметри за пребарување кои корисниците сами ги избираат. Со новите единствени модели на пребарување, правните лица може да ги добијат само оние информации кои се од значаен интерес за нивниот бизнис, преку систем на користење на поени, како преглед на основните информации за една компанија адреса, седиште, година на основање, сектор, дејност, големина, сопственост, тип на компанија; блокада на трансакциски сметки; финансиска изложеност на компанијата кон други компании, банки, финансиски друштва и државни органи; финансиски показатели за три последователни години;информации за правниот статус на компанијата и објави за стечај и ликвидација; споредба на компании и нивно рангирање; филтрирање на компаниите по сектор, дејност, број на вработени, приходи, профит, изложеност и многу други критериуми.

Со отворањето на новиот портал, МКБ уште еднаш ја потврдува својата посветеност и мисија, а тоа е да понуди брз и лесен пристап до целосни и точни информации за вкупните финансиски обврски и други финансиски показатели за правните субјекти и граѓаните, врз основа на кои тие ќе носат сигурни одлуки и ќе избегнат презадолжување.

Искористете го БЕСПЛАТНИОТ ТЕСТ ПЕРИОД ДО 31.12.2022 И ПОПУСТОТ од 20% за купување на годишен пакет со внесување на промо кодот PROMO20% при регистрација на порталот Мој.МКБ

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство