06 Октомври, 2024
0.0266

Посетата на Капитол Мол стана празник за семејството!

Објавено во: Македонија 13 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Нашето најблиско опкружување е полно со семејни луѓе, со ограничено слободно време, кои сакаат да поминат квалитетно време со своите најблиски и токму затоа нашиот фокус се содржините за деца и млади, како квалитет што постојано го развиваме. Фитнес центарот, центарот за куглање, игротека и неколкуте кафулиња и ресторани се дел од содржините кои имаат голем капацитет за развивање и добивање на популарност меѓу младите и оние кои се чувствуваат млади, вели во интервју за Фактор Оливера Дебарлиева-Маркетинг менаџер во Капитол Мол. Во срцето на Аеродром веќе втора година по ред Капитол мол живее во ритамот на овој дел од градот.  Колку успеавте до сега да го мобилизирате интересот на граѓаните, дали трговскиот стана дел од нивната дневна рутина? Воден од своето  мото “Твој мол. Твое место” Капитол мол постојано се труди да биде место каде сите негови посетители ќе се чувствуваат пријатно, во било кој период од денот. Посетителите ја препознаа топлата, семејна атмосфера, нешто по што Капитол Мол се разликува од останатите трговски центри, што е и причина да го чувствуваат како свој.  Понудата и содржините на објекот се одлично избалансирани и секој член на семејството може да најде нешто за себе. Како трговски центар со европски шмек, семејството на брендови од отворањето до денес постојано го збогатуваме, така што и навиката да се доаѓа во Капитол Мол е во постојана нагорна линија. Која беше првичната замисла кога ги отворивте вратите на трговскиот и колку од планираното успеавте да го реализирате ? Капитол Мол да биде место за целото семејство, за забава и опуштање, и нормално за квалитетен шопинг. Се трудиме да обезбедиме квалитетни содржини, што ќе ги задоволат потребите на сите наши посетители, од најмладите, до најстарите, и во таа насока се сите наши активности. Професионалниот пристап ни налага да се трудиме да ги препознаваме вкусовите и потребите на нашите посетители, а нивното задоволство за нас е клучен елемент во градењето на меѓусебната доверба. VK3B7133Нашето најблиско опкружување е полно со семејни луѓе, со ограничено слободно време, кои сакаат да поминат квалитетно време со своите најблиски и токму затоа нашиот фокус се содржините за деца и млади, како квалитет што постојано го развиваме. Фитнес центарот, центарот за куглање, игротека и неколкуте кафулиња и ресторани се дел од содржините кои имаат голем капацитет за развивање и добивање на популарност меѓу младите и оние кои се чувствуваат млади. Карактеристично за трговските центри се тематските програми кои го привлекуваат и задржуваат вниманието на посетителите. Колку вие се грижите за своите посетители на ваков начин да понудите нешто корисно и интересно за нив? Се трудиме да бидеме креативни, различни од другите трговски центри, што големиот број на посетители ни потврдува дека сме на добар пат. Секако треба да внесуваме новини, нови брендови и содржина за да ги задоволиме потребите кои постојано се менуваат. Во основа сакаме да изградиме долгорочен и двонасочен однос со нашите посетители, од кој сите ќе излеземе задоволни.  Минатата година реализиравме еден поинаков концепт на прославувањето на првиот роденден на Капитол мол со основна цел: преку посебна програма за лојалност во текот на целата година да ги славиме родендените на сите наши купувачи, што наиде на масовна прифатеност и позитивни резултати од двата клучни фактори од бизнис сегментот: потрошувачот и продавачот. Имајќи ја предвид успешноста на оваа кампања нашите следни чекори и понатаму ќе ја поддржуваат оваа силна синергија за успешно постоење на деловните трговски објекти кои во крајна цел постојат за неговото височество: потрошувачот. od slika 1 Во изминатиот период бевме и многу активни на планот на активностите кои ја потврдуваат нашата општествена одговорност и поддршката која безрезервно им ја пружаме на оние групи на граѓани на кои им е потребна. Што ново може да се очекува од Капитол Мол? Со почеток во месец мај и во текот на целиот летен период предвидуваме многу изненадувања за нашите посетители -  како за најмалите така и за сите останати посетители. Ќе има награди, попусти, happy hour понуди, бесплатен фитнес, куглање, музика и многу други поволности, а она што треба посетителите да направат е да продолжат да доаѓаат во Капитол Мол, и пријатно да се изненадат.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица

ИНЦИДЕНТ ВО АВТОКОМАНДА, АМАДЕУС БЕНД САКАШЕ ДА ГО ПРЕКИНЕ КОНЦЕРТОТ: „Се налутија на тонецот“

ИНЦИДЕНТ ВО АВТОКОМАНДА, АМАДЕУС БЕНД САКАШЕ ДА ГО ПРЕКИНЕ КОНЦЕРТОТ: „Се налутија на тонецот“

МАЛИЌИ СТАНА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА МЕКСИКО: Во Скопје е отворен конзулатот за зајакнување на односите меѓу Мексико и Македонија

МАЛИЌИ СТАНА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА МЕКСИКО: Во Скопје е отворен конзулатот за зајакнување на односите меѓу Мексико и Македонија

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ДЕВЕ БАИР: Инвестиција од 1,6 милиони евра за граничниот премин со Бугарија

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ДЕВЕ БАИР: Инвестиција од 1,6 милиони евра за граничниот премин со Бугарија

СТИГНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ЗА ЛИБАН: Обединетите Арапски Емирати доставија 40 тони лекови и други материјали

СТИГНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ЗА ЛИБАН: Обединетите Арапски Емирати доставија 40 тони лекови и други материјали

„КОНТИ“ СОГОЛЕ И МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ ЗА ДЕСЕТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА: Администраторот се огради од одговорност, а нема ниту кривична пријава до МВР

„КОНТИ“ СОГОЛЕ И МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ ЗА ДЕСЕТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА: Администраторот се огради од одговорност, а нема ниту кривична пријава до МВР

ПО ПОЧИНУВАЊЕТО НА БЕБЕТО ДСЗИ ВЛЕГУВА ВО ДЕТСКАТА КЛИНИКА И ВО „КОЗЛЕ“: Имало ли пропусти во лекувањето?

ПО ПОЧИНУВАЊЕТО НА БЕБЕТО ДСЗИ ВЛЕГУВА ВО ДЕТСКАТА КЛИНИКА И ВО „КОЗЛЕ“: Имало ли пропусти во лекувањето?

КОНТАМИНИРАНА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО СТРУМИЦА: АХВ наложи нови мерки за “Комуналец” од Струмица

КОНТАМИНИРАНА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО СТРУМИЦА: АХВ наложи нови мерки за “Комуналец” од Струмица