После грмежливата ноќ, не чека свежо нестабилно попладне
Објавено во: Македонија 31 Јули, 2015
Петочното утро „гласно“ ги разбуди деловите од источна Македонија.
Ноќта која е зад нас донесе повеќе грмежи отколку дожд, а според информациите на метеопро денес ќе биде малку посвежо во однос на вчерашниот ден, особено во котлините од северниот крај.
Попладне повторно ќе очекуваме локална нестабилност и тоа во северозападниот регион, а и во планинскиот дел од истокот на земјава. Ќе дува слаб до умерен, северен ветер.
Во северниот регион дневната температура ќе достигне околу 34°С, на југоисток околу 37°С, Пелагонија до 35°С, а Охрид и Преспа околу 33°С, доколку во Скопје ќе биде сончево претпладне, а попладне нестабилно со локален дожд и грмежи и максимална температура околу 34°С.