13 Мај, 2024
0.0275

Повеќе од 3.500 млади луѓе ги бодреа најдобрите ски скокачи во светот

Објавено во: Мои пари 18 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Првиот ден од финалето насветскиот куп во скијачки скокови во Планица оваа година беше  навистина нешто посебно. Имено, во четврток се одржа првиот од четирите натпреварувачки денови во долината под Понца кадешто Заваровалница Триглав со отприлика 70 автобуси доведе повеќе од 3.500 деца со своја придружба. Младите од цела Словенија во подножјето на скокалницата “браќа Горишек“ создадоа исклучителна атмосфера со која ги понесоа најдобрите скокачи на светот на чело со Петар Превец, до нови рекорди. Заваровалница Триглав, која е верна на скоковите во Планица повеќе од половина век, на крајот на неделата, на посетителите од трговскиот центар Cityparkво Љубљана повторно ќе им овозможи да доживеат ски скокови во виртуелно опкружување. Во таа прилика ќе имаат можност да го погледнат скокачкиот спектакл на отворено, во самиот центар на престолнината.

Учениците од основните училишта од Мурска Собота до Копер – повеќе од 3.500 деца со своја придужба, 12 големи семејства и групи на деца со посебни потреби во раните утрински часови тргнаа со отприлика 70 автобуси  во пресрет нанови авантури по повод првиот ден  од скијачките скоковина Планица. Тоа беше ден на  младешки адреналин, дружење во недопрената природа и ден без алкохол кадешто покрај осумте најдобри скокачи на светот денот го разубавија раперот Тркаји омилената маскота на Заваровалница Триглав,кучето чувар Кужа Пази.

Петер Превц за Триглав генерациите на Планица

Заваровалница Триглав како долгогодишен партнер на Скијачкиот сојуз на Словенија и златен спонзор на Планица 2016 година, со години ги поддржува словенечките спортски херои. Многумина од нив, вклучувајќи го и Петар Превц, станаа амбасадори на ЗаваровалницаТриглав и на нејзините општествено одговорни проекти. Преку овие проекти Триглав го поттикнува интересот на децата за спорт со помош на спортистите кои докажуваат дека спортот ги обединува и создава позитивна енергија и незаборавни моменти. Затоа, за нашите скокачи, кои под Понца секоја година традиционално ја затвораат сезоната на натпреварување, навива генерацијата Триглав – без сомнение еден од најважните елементи на ски скоковитена Планица. “Планица секоја година за нас скокачите е голем предизвик. Најубаво е кога сезоната ја завршуваш на домашен терен. Оваа година навистина едвај  го чекам тој завршен чин во долината под Понца “,  рече Петер Превец, во целната арена, најдобриот скокач оваа зима, и додаде: „скокањето денес пред повеќе од илјада деца е непроценливо доживување. Нивното одушевување ни даде дополнителен поттик. Ни беше големо задоволство да одвоиме време за нив и да се дружиме со нив по завршениот натпревар. Навистина е одлично што Заваровалница Триглав им овозможи да доживеат еден ваков ден.„

Спектакл за повеќе илјади млади навивачи

Се гордееме што веќе, повеќе од три децении  ги развеселуваме децата. На учениците од основните училишта со ова им овозможуваме да ја посетат Планица, во живо да ги проследат скијачките скокови и да уживаат во пријатното дружење во природа. Интересот од страна на училиштата е огромен. Секоја година се обидуваме на што поголем број на деца од цела Словенија да им овозможиме посета на Планица – оваа година ги донесовме во рекорден број, при што вкупниот број во текот на сите години изнесува повеќе од 90.000. Спектаклот, овој четврток, можеа да го доживеат во живо. Овде можат да ги сретнат врвните натпреварувачи и останатите љубители на спортот, како и своите  врсници. Со ова го јакнеме нивниот интерес за спорт и здрав начин на живот. Освен тоа, во Заваровалница Триглав сакаме да дадеме свој придонес на нашата  општественаодговорност„,истакнаТадеј Чороли, член на управата на Заваровалница Триглав за акцијата која стана еден од најтрадиционалните проекти во Словенија. Заваровалница Триглав преку Заводот Сè ќе биде во ред со цел поттикнување на свеста за негативните последици, кои во општеството ги предизвикува прекумерната конзумација на алкохол, ја поддржа акцијата 40 дена без алкохол.Превентивната акција се одржува и во текот на овогодинешното финале на светскиот куп во скијачките скокови, а посетителите на Планица ќе можат доброволно да учествуваат во истата и да ја проверат аклохолизираноста со помош на алкотест.

Виртуелни скијачки скокови со посебен пренос на Citylight

Заваровалница Триглав и оваа година со помош на апликацијата Oculus Riftотвара нови димензии на спектаклот  на Планица. Со користењето на напредната виртуелна технологија, на најшироката публика ќе и овозможи да ја испроба скокалницата во Планица. Доживувањето кое го овозможуваат виртуелните 3Д очила, во моментот е најслично доживување на реалниот скок на легендарното борилиште во долината под Понца. Технологијата на виртуелната  реалност од овој вид ја испробаа и (некогашните) словенечки скијачки скокачи (Петер Превц, Јуриј Тепеш и Франци Петек), коишто беа воодушевени од виртуелните скокови.

Посетителите на трговскиот центар Citypark во Љубљанскиот БТЦ и самите ќе имаат можност со помош на екранот Oculus Rift, да ги доживеат рекордните скокови во петок и сабота, односно на 18. И 19. март.

Триглав, во центарот на Љубљана од четврток до недела ќе овозможи пренос на финалето на светскиот куп во скијачките скоковина посебена огласна површина на Citylight. Минувачите со помош на таканаречената светлосна виртуелна моќ на отворено ќе можат да ги видат сите натрпевари на  Планица.

Грижа за долината под Понца

Заваровалница Триглав во долината под Понца води сметка и за чиста животна средина. Со желба да можат и идните генерации да уживаат во убавините на планинската природа, секој ден во текот на финалето на светскиот куп, на посетителите им обезбеди биоразградливи вреќи за отпад. Со овие вреќи Заваровалница Триглав веќе седма сезона по ред ја најавува  акцијата Да ги исчистиме нашите планини, со која веќе традиционално ги повикува планинарите да ја одржуваат животната средина чиста, да се движат во природа и одговорно да се однесуваат  на  планина .

Можеби ќе ве интересира

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација