ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ РАБОТНИЦИ: За еден час ќе заработуваат минимум 15 евра
Објавено во: Економија 10 Септември, 2024
Ќе се зголеми сумата за работен час во Германија.
За вработените во државата минималната плата треба да се зголеми на 15 евра на час во следните две години. Министерот за труд Хубертус Хајл најави дека ќе има зголемување. Тој објасни дека тоа нужно произлегува од новиот закон на Европската унија(ЕУ).
„Патем, шест милиони луѓе ќе имаат корист од ова“, изјави Хејл за јавната телевизија АРД, јави Агенцијата ДПА.
Сега законскиот минимален час е 12,41 евра бруто. Од 1 јануари 2025 година ќе се зголеми на 12,82 евра на час, а потоа во 2026 година ќе биде меѓу 14 и 15 евра. Голем број македонски граѓани се на печалба во Германија.
foto freepik.com/claudiodiv
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.