Повредениот мотоциклист дише на апарати
Објавено во: Македонија 28 Јули, 2016
Сѐуште е критична состојбата на мотоциклистот кој беше повреден во сообраќајната незгода во скопска Кисела Вода а во живот на апарати го одржуваат лекарите .
Имено на 26 јули, 30 минути по полноќ се случи сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(43) од Скопје и моторцикл Хонда ЦБР без регистарски ознаки, управуван од С.А. (22) од Скопје.
Возачот на автомобилот се востанови дека е поранешниот телохраните на екс премиерот Урко.
Мотоциклистот, кој со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Градска општа болница „Наум Охридски“е неконтактибилен и се наоѓа во животна опасност, односно уште се наоѓа во кома.
Во несреќата е повреден Стојанчо Андонов, роден 1994 година, чиј мотоцикл, марка „хонда цбр 900“, без регистарски ознаки, како што стои во записникот, излегол десно од коловозот и преминувајќи го тротоарот удрил во прозорско стакло и во алуминиумски рам од месарницата „Солета“, а возачот со телото удрил во билборд поставен на тротоарот.
„На 27 јули 2016 година, во 00.40 часот во Скопје, на булевар Борис Трајковски, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д. (43) од Скопје и мотоцикл „хонда цбр“ без регистарски ознаки, управуван од С.А. (22) од Скопје. Во незгодата, тешки телесни повреди добил возачот на мотоциклот, кој со возило на итна медицинска помош бил префрлен во Градска општа болница „Наум Охридски“. Истиот е неконтактибилен и се наоѓа во животна опасност. Увид извршила екипа на СВР Скопје“, стои во белешката за случајот во денешниот билтен на МВР.
Урко беше разрешен од обезбедувањето на Груевски во септември 2014 година, а причините не беа официјално соопштени.