Позитивни луѓе и совршено расположение – Граѓаните го гушнаа ГТЦ
Објавено во: Македонија 24 Април, 2015
Упатувајќи порака дека нивната желба е ГТЦ да остане со стариот лик сегашниот изглед на објектот, илјадници позитивни луѓе совршено расположени синоќа симболично го гушнаа ГТЦ.
Андреј Жерновски, градоначалникот на општина Центар очекува масовна излезенот на референдумот.
- Ова е граѓански референдум и нема никаква врска со политика и денешното присуство покажува дека сериозен одѕив на референдумот. Очекувам да има повторно некакви нивни модели на притисоци и бојкотирање, но јас сум сериозен оптимист за во недела – посочува Жерновски.
Граѓаните кои синоќа беа дел од симболичното гушкање сметаат дека ГТЦ е нераскинлив дел од нашата историја и се друго би било фалсификување на историјата.
На првиот локален референдум во независна Македонија, граѓаните на Центар во недела на 26 април ќе се изјаснат на прашањето „Дали сте за зачувување на сегашниот изглед на фасадата на Градскиот трговски центар?“.