Познат идентитетот на девојката која беше прегазена кај Универзална
Објавено во: Македонија 04 Април, 2015
Жртвата на вчерашниот немил настан е дваесет годишната Фросина Ц. од Крива Паланка, која најверојатно во Скопје престојувала како студентка, таа вчера почина во сообраќајна несреќа кај Универзачната сала откако беше удрена од автомобил „Хонда“ со скопски регистарски таблички.
Според податоците на полицијата, несреќата се случила во 20.50 часот. Возачот на „Хондата“ Љ.Б. (26) најверојатно со голема брзина, според очевидци од 160 на час, удрил во Фросина која починала на местото на несреќата.
Возачот првично побегнал од местото на несреќата, но по дваесетина минути, односно во 21.10 часот, сам се пријавил во полициската станица во Ѓорче Петров каде што раскажал што се слуило.